МАСК ГИ ПРАША ТВИТЕРЏИИТЕ ДАЛИ ТРЕБА ДА ЈА ВОДИ КОМПАНИЈАТА! Вети дека ќе го почитува гласањето! СЕ ПОВЛЕКУВА ОД РАКОВОДИТЕЛСКОТО МЕСТО НА КОМПАНИЈАТА?

19 декември, 20220
627338_mask-reuter04_f

Гласањето, кое започна во неделата треба да трае денеска, а милијардерот не соопшти детали кога ќе се повлече од раководството на Твитер доколку резултатите од анкетата го покажат тоа.

Одговарајќи на коментар на корисник на Твитер за можна промена на позицијата извршен директор, Маск објави дека „нема наследник“.

Тој минатиот месец пред американскиот суд во Делавер изјави дека ќе го намали своето ангажирање околу Твитер и евентуално ќе најде некој друг кој ќе го преземе управувањето со компанијата.

Новото изјаснување на корисниците доаѓа откако Твитер вчера објави дека ќе ги отстрани сметките создадени исклучиво за промовирање на други социјални платформи и содржини што содржат линкови или кориснички имиња на ривалски социјални медиуми.

Овој потег ќе влијае на содржините како „Facebook“ и „Instagram“ во рамките на компанијата „Meta“, како и на платформите „Mastodon“, „Truth social“ или „Tribel“.

Неколку минути пред изјавата, Маск се извини и објави на Твитер: „Во иднина ќе има гласање пред големи промени во политиката“.

Неколку часа подоцна, Твитер започна анкета во која бара од корисниците да размислат дали платформата треба да има политика што не дозволува профилите да промовираат други социјални мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi