Ако имате обилно крварење, не се изложувајте на ризик
Секоја жена може да добие менструација на одмор, што често е предизвикано од самата промена на климата.
Исто така, постојат опции за одложување на менструацијата со користење на контрацептивни таблети, но пред да го направите тоа, многу е важно да се информирате и да разговарате со вашиот гинеколог.
Менструацијата на одмор може многу да го расипе квалитетот на вашиот одмор, особено ако е придружена со болни грчеви во стомакот и нервоза, што негативно ќе влијае на вашето расположение.
Мислењата се поделени по прашањето дали треба да се плива во море за време на менструацијата или тоа е строго забрането.
Менструацијата за време на одмор не претставува некој голем ризик по здравјето, особено ако се одлучите да одите на море во овој период. Сепак, не е на одмет да следите неколку совети за да избегнете потенцијални непријатности.
Употреба на тампони
Ако имате слабо менструално крварење, безбедно е да пливате во море од првиот ден од менструацијата, користејќи тампон. Мора да го менувате тампонот по секое излегување од вода, а костимот за капење и пешкирот на кој седите секогаш мора да бидат суви. Ако имате обилни менструации, најдобро е целосно да избегнувате пливање во море и изложување на сонце, барем во првите три дена од циклусот.
Никако во ледена вода
Ако водата е премногу ладна, не пливајте во морето. Студот ги стеснува крвните садови, што го нарушува природниот процес на менструацијата. Секое нарушување на менструалниот циклус не е здраво и треба да избегнувате се што го нарушува. Ако избегнувате ситуации кои можат да ја влошат вашата состојба, непријатноста ќе се минимизира.