Нашата потсвест е една голема енигма. Таа крие многу тајни, кои сме ги скриле дури и од самите себе. Воопшто не сме свесни за многу наши реакции, како и за многу од нашите желби. Одвојте неколку минути и направете психо тест. Откријте ја скриената страна на вашата личност!
Кога одговарате на прашањата, треба да го кажете првото нешто што ви паѓа на ум, без многу размислување:
Замислете си дека шетате низ шума со една личност. Која е таа?
Личноста што ќе ја изберете е најважната личност во вашиот живот во моментот. Додека шетате низ шумата, слушате шушкање и се појавува животно.
Колку е големо и што правите во тој случај?
Неговата големина одговара на количината на стрес на која сте изложени, а она што го правите кога ќе го видите животното е како реагирате на стресот.
Продолжувате да одите и налетувате на куќа. Колку е голема? Дали гледате ограда?
Ако има ограда, тоа значи дека сте премногу затворени, дека се воздржувате и се ограничувате. Ако нема ограда, вие сте отворена личност. Големината на куќата ја претставува големината на вашата амбиција.
Одлучувате да влезете во куќата и гледате маса на којашто има чаша. Од каков материјал е направена – метал, стакло, картон?
Издржливоста на таа чаша ја претставува јачината на врската со личноста со која шетате во шумата. Колку повеќе работи гледате на масата, толку сте посреќни.
Потоа, излегувате од куќата и наидувате на водена површина. Колку е голема и како ќе ја поминете?
Големината на водата одговара на јачината на вашата сексуална желба. Ако се одлучите да ја препливате водата, подготвени сте да ги задоволите вашите желби, а ако ја заобиколите, тогаш тоа значи дека се откажувате од своите желби.