Актерката и водителка Нина Сеничар се омажи за актерот Џеј Елис, а венчавката се одржа во Италија.
Само седум дена по раскошната венчавка, Нина објави дека таа и нејзиниот партнер сѐ уште уживаат во Италија, а вилата во која престојуваат на меден месец вреска од гламур.
Како што може да се види на видеото, Нина во свилена бањарка го покажа луксузниот мебел како и огромната тераса. А потоа нуди поглед на природата вреден милион долари.
Исто така, овој двор е украсен со фонтана во карактеристичен италијански стил.
Водителката не сакаше премногу да открива, па само напиша „Добро утро“, а ова видео го опиша со италијанската песна „Mi sei scoppiato dentro il cuore“ што во превод значи „Ти си во моето срце“.
Видеото може да го погледнете ТУКА