Откако Сара Џесика Паркер првпат се појави во улогата на Кери Бредшо, таа стана своевидна модна икона и тоа трае со години.
Додека сме навикнати Кери главно да носи скапи и дизајнерски парчиња, се случува и костимот да биде евтин (да се потсетиме само на фустанот од пет долари, кој привлече големо внимание во новата сезона).
Нејзиното последно интервју беше проследено со ново признание за Кери.
„Тоа не е чанта. Биркин е“, велат тие во серијата „Сексот и градот“. Дали, сепак, тоа беше вистината?! Сара Џесика Паркер откри неверојатен детал од снимањето на познатата серија кој ги запрепасти обожавателите на ликот на Кери Бредшо, нејзиниот стил и моден печат.
Актерката која се стекна со најголема слава со улогата на Кери, за време на интервјуто „Life in Looks“ за Vogue призна дека сината чанта „Хермес“ што ја носеше во 2002 година во една епизода од „Сексот и градот“ не е вистинска биркин, туку лажен!
Сара Џесика признала дека улогата на таа чанта била да го сокрие трудничкиот стомак, но дека тоа не било многу успешно направено.
„Ова не е вистинска чанта на Хермес, знаете“. Пат (Патриша Филд) познаваше една личност, ме праша дали сакам една торба бидејќи можеше да ми ја земе. Таа торба имаше една работа и ја заврши прилично мизерно. Можеби да беше оригиналот, ќе беше подобро – се пошегува актерката, а евидентно е дека стомакот на актерката е во преден план.
Што се однесува до фустанот, таа откри дека е „вистински“, од брендот Juicy Couture.