Познатите личности се наша секојдневна инспирација кога станува збор за стајлинзите.
Секој од нас сака да остави убав впечаток на другите кога е облекувањето во прашање, а како поинаку ќе го постигнете тоа освен со инспиративни комбинации?
Една од познатите ѕвезди која често го привлекува вниманието на јавноста е Викторија Бекам (47), која мал број пати ја промашила комбинацијата на облека и речиси секогаш успевала да изгледа беспрекорно.
Овој пат можевте да ја видите во фустан од сопствената колекција кој и прилега на секоја жена, без разлика на тоа колку години имате – апсолутно секоја дама може да го носи.
Станува збор за фустан – кошула која е популарна токму поради тоа што можете да ја комбинирате со патики, но и со салонки. Така, на вас останува да одлучите за која пригода ќе го носите и соодветно да изберете модни додатоци.
Погледнете ја галеријата:
Овој фустан одлично ги прикрива вишокот килограми и недостатоци, но ги истакнува и женските облини. Може да го носат девојки, но и зрели жени. Едноставен е, а сепак со вистинскиот додаток може да се претвори во гламурозно парче облека.
Викторија овој пат избра фустан во црна боја, кој го искомбинира со портокалови салонки.