Позната причината за ненадејната смрт на актерката, фатална операција пред десет години

22 декември, 20220
Screenshot_8

Потврдена е причината за смртта на актерката и модел Шарлби Дин, која почина на крајот на август оваа година, по нејзината ненадејна смрт на 32-годишна возраст.

 

 

 

Иако постоеше сомнеж дека причина за смртта на младата актерка била вакцинацијата против Ковид, нејзиниот брат Алекс Џејкобс за медиумите потврди дека тоа не е така.

 

Актерката починала поради компликации од рутинска операција, која ја имала пред десет години. Нејзиниот брат изјавил дека Дин доживеал тешка сообраќајна несреќа во 2009 година, по што лекарите ѝ ја отстраниле слезината. Во несреќата се здобила и со скршеници на ребрата и повреди на грбот.

 

Медицинскиот истражител во Њујорк во средата потврдил дека причината за смртта е сепса. Нејзината бактериска сепса настанала откако била заразена со бактерија позната како Капноцитофага.

 

Иако инфекцијата е ретка, постојат различни видови на такви инфекции кои се развиваат во устата на луѓето, а се присутни и во устата на животните. Луѓето со автоимуни проблеми и без слезина се особено чувствителни.

 

Не е јасно дали гризот од животно е одговорен за инфекцијата на актерката, бидејќи лекарот јавно не ја објавил нејзината обдукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi