Актерот Брус Вилис веќе некое време се бори со болест која наскоро би можела целосно да го исклучи од светот на филмот.
Долго време се зборуваше за неговата здравствена состојба, а сега семејството на актерот ги потврди наводите дека тој има нарушување на говорот поради оштетување на мозокот.
– На неверојатните фанови на Брус, како семејство, сакавме да споделиме дека нашиот сакан Брус има некои здравствени проблеми и дека неодамна му беше дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на ова и со многу размислувања, Брус се оддалечува од кариерата која толку многу му значела – пишува во описот на фотографијата што ја објави најстарата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур, Румер Вилис.
Таа додаде дека семејството е постојано со него и дека го поддржуваат:
– Низ ова поминуваме како силно семејство, и сакавме да ги информираме неговите фанови, бидејќи знаеме колку тој ви значи, како и вие нему. Како што Брус секогаш вели „Живеј“ и заедно планираме да го направиме токму тоа – стои подолу.
А објавата можете да ја погледете ТУКА
На крајот од пораката има потписи на имињата на неговите најблиски: Румер Вилис, Скаут Вилис, Талул Вилис, Мејбел Вилис, Евелин Вилис, Ема Хеминг Вилис и Деми Мур.