Пеглата е дефинитивно нешто без кое не можете, а без разлика дали сакате пеглање или не, важно е да ја одржувате пеглата чиста поради неколку причини.
Во зависност од проблемот што го имате со пеглата, постојат различни начини за лесно чистење, а тоа е првенствено важно за да не ги расипе алиштата.
Ако вашата пегла исфрла варовити бели наслаги, има залепени делови од ткаенина, остава дамки на алиштата или не се лизга доволно, тоа е знак дека треба да ја исчистите.
1. Чистење со весник
Загрејте ја пеглата на највисока можна температура, а на даската за пеглање ставете чиста и сува крпа над која ќе го ставите весникот и со мало движење на весникот истријте ја загреаната пегла на весникот. По некое време, ќе видите дека наталожените парчиња ткаенина паднале од пеглата.
2. Сода бикарбона
Досега сфативме дека сода бикарбона е решението за се и сешто. Измешајте ја со малку вода и намачкајте ја смесата на пеглата, а потоа исчистете ги дамките со чиста памучна крпа.
3. Оцет
Загрејте го оцетот, но да не е жежок и истријте ја пеглата со чиста крпа.
4. Паста за заби
Покријте ја железната плоча со паста за заби, но проверете дали пеглата е ладна. Оставете да делува околу пет минути и потоа нежно избришете ја пеглата со памук со кружни движења.