Канадскиот музичар Абел Тесфаје, попознат како The Weeknd, покрај одличните хитови, своевремено привлече големо внимание и со врската со колешката Селена Гомез.
Колку биле силни неговите чувства говори и тоа што сакал да ѝ донира бубрег на Селена додека таа беше сериозно болна, што го потврдил и еден негов пријател, но таа го оставила после само еден месец поради друг.
The Weeknd со години го криеше неговиот љубовен живот од очите на јавноста, додека не ја откри врската со ангелот на Victoria’s Secret Бела Хадид, со која беше во врска неколку години.
Тие двајца заедно го обиколија светот, таа учествуваше и во неговите спотови, а потоа врската пукна кога пејачот ја запозна Селена, поради што ја остави љубовта кон Бела Хадид зад себе.
Канадскиот пејач и Селена десет месеци ги полнеа колумните во весниците, но љубовта не траеше.