Освен што се топли, шаловите можат да бидат и вистинско модно освежување
Топлите марами се незаменлив дел од зимскиот аутфит, а некои од нив можат да бидат и совршен додаток, кој освен основната намена да нѐ загрее, може да послужи и како детал кој ќе го комплетира стајлингот.
Годинава во тренд се шарените модели – од оние кои можат да се користат како шалови, до оние со етно мотиви кои даваат романтична нота.
Ви пренесуваме четири модели кои се хит оваа зима.
- Две во едно – и шал и капа
Едноставен шал кој можете да го користите кога е ладно и наместо капа или шал е вистинскиот избор за две парчиња облека во едно. Освен што е практичен, тој е и многу привлечен.
- Шал-наметка
Рачно плетениот широк шал може да послужи и како наметка, а неговата интересна плетка лесно се вклопува во многу стилови и дава романтичен изглед.
- Луксуз во повеќе бои
Луксузен, долг топол шал во неколку бои ќе биде одличен додаток на вашето палто или јакна. Истовремено ќе ја истакне женската карактерна особина.
- Едноставно и привлечно
Едноставен црн шал со етно детали во форма на цвет одлично се комбинира со фармерки и едноставни маички, а ќе и даде ретро изглед на секоја дама која ќе се одлучи за тоа.