На нашето тело му се потребни протеини за одржување и обновување на ткивата, а на децата за правилен раст и развој
Речиси секој ја знае важноста на протеините во исхраната. Протеините се градежни блокови неопходни за раст и регенерација на сите живи клетки. Повеќе од 50 проценти од секоја клетка е составена од протеини кои се одговорни за развојот на мускулите, коските и ткивата.
Храната богата со протеини треба да биде вклучена во исхраната и за да ве засити и да изгубите тежина. Ова се петте најпопуларни протеински намирници.
- Јајца
Јајцата се меѓу најздравите и најхранливите намирници на располагање. Тие се одличен извор на витамини, минерали, здрави масти, антиоксиданси кои ги штитат очите и хранливи материи потребни за функцијата на мозокот.
- Јаткасти плодови и мешунки
Доколку не јадете месо и млечни производи кои содржат најмногу протеини од сите намирници, тогаш мешунките и јаткастите плодови се вистинскиот избор за вас.
- Пилешки гради
Пилешките гради се меѓу најпопуларните намирници богати со протеини. Исто така, многу лесно се подготвува – можете да ги готвите, печете, динстате или пржете.
- Сина риба
Масните риби како лососот содржат омега-3 масни киселини кои имаат неверојатни здравствени придобивки и се многу хранливи.
Лососот е риба со висока содржина на здрави масти, што значи дека е полн со здрави омега-3 масни киселини. Тој е и одличен извор на протеини, кои во комбинација со мастите предизвикуваат поголемо чувство на ситост.
Туната, како и сите видови риба, има малку маснотии и калории, но е богат извор на протеини. Таа е исто така еден од најдобрите извори на омега-3 масни киселини кои го зајакнуваат здравјето на срцето и мозокот.
- Младо сирење
Младото сирење има малку маснотии и калории, но е храна богата со протеини. Богат е со калциум, фосфор, селен, витамин Б12 и витамин Б2 и разни други хранливи материи.