Препаратите базирани на природни состојки се исклучително здрави за косата
Ако малку подобро внимавате на составот на производите за нега на коса, ќе забележите дека многу од нив содржат супстанци добиени од камилица или лимон.
Порано производите за коса не беа достапни за секого, па жените најмногу се свртеа кон домашните производи.
Ова е еден од препаратите за природен сјај на косата што доаѓа од народната кујна, а кој последниве години добива сѐ повеќе внимание.
Препаратот добиен од сок од лимон и камилица и дава природен сјај на косата и за кратко ја регенерира.
Хранливите материи кои ги содржи камилицата, ја храни и ја нрхува косата. Овој производ исто така може да ја осветли бојата за неколку нијанси.
Лимонот, пак, е одличен за нега на косата, бидејќи ја омекнува, го олеснува нејзиното обликување и ѝ дава природен сјај.
Во изладениот чај од камилица додадете го исцедениот сок од еден цел лимон. Добиената течност втријте ја во коренот на косата, а потоа со рака поминете ја по целата коса. Течноста можете да ја истурите и во шише со пумпа и да ја испрскате косата.
Оставете да делува неколку минути, а потоа исплакнете ја косата.