ЛУКОТ Е НАЈДОБРО ДА СЕ ЈАДЕ СИРОВ! А овој зеленчук треба да го јадете ВАРЕН
За здравје и форма треба да јадете повеќе свежо овошје и зеленчук, но има некои намирници кои се многу поздрави доколку термички се обработат, советуваат експертите
НАЈДОБРО СУРОВО
Цвекло
Богати со растителни влакна, витамин Ц, калиум, манган и витамин Б комплекс или фолати – хранливи материи кои го зајакнуваат имунитетот, ја подигнуваат енергијата и делуваат против воспаленија. Салатата од цвекло е поздрава доколку не го варите, бидејќи високата температура ја намалува концентрацијата на фолати (витамин Б) за дури четвртина. Фолната киселина е дел од Б комплексот витамини и е потребна за формирање на црвени и бели крвни зрнца во коскената срцевина.
Брокула
Вкусна е кога се готви на пареа, но многу е поздрава е да се јаде сирова. Богата со витамин Ц, калциум, калиум, протеини и природно растително соединение кое го забавува стареењето. Резултатите од едно истражување покажале дека кожата на луѓето кои ја јадат оваа храна во сурова форма е посјајна и со помалку изразени брчки.
Црвена пиперка
Содржи витамини Ц, Б6 и Е како и магнезиум чија концентрација веднаш се намалува доколку ја готвите. Ако преферирате термички обработени пиперки, пропржете ги или печете ги кратко, бидејќи така ќе ги зачувате витамините.
Лук
Познат е како природен антибиотик со антигабични и антивирусни својства благодарение на алицинот, кој се наоѓа само во сировиот лук.
НАЈДОБРО ГОТВЕНИ
Домати
Обично го јадеме сиров во салати, но е многу поздрав сварен. Содржи природно соединение ликопен, антиоксиданс кој се наоѓа во неговото светло обоено овошје и зеленчук. Ликопенот полесно се апсорбира кога доматите се изложени на високи температури, односно при варење, а штити од кардиоваскуларни болести и е добар за срцето.
Модар патлиџан
Готвењето го зголемува нивото на антоцијанин, фитонутриент кој се наоѓа во кожата и ја штити. Модриот патлиџан е богат со витамини, минерали, влакна и антиоксиданси, чија улога се мултиплицира на повисоки температури.
Моркови
Одличен извор на бета-каротин, влакна, витамин К1, калиум и антиоксиданси. Иако е вкусен и сиров, готвењето ја зголемува содржината на хранливи материи. Варените моркови содржат повеќе бета-каротен, антиоксиданс кој се претвора во витамин А во телото, што е добро за очите и за имунолошкиот систем.