– Што навистина се случува овде? Што ако ова место е опасно? – прашува Алис (Флоренс Пју) во првиот трејлер за новиот филм на Оливија Вајлд „Don’t Worry Darling“.
Филмот, во кој Хари Стајлс и Крис Пајн играат заедно со Пју и Вајлд, е возбудлив нов психолошки трилер што публиката со нетрпение го очекува.
Во трејлерот долг речиси три минути, Пју и другите „идеални домаќинки“ од 1950-тите се прашуваат што ако утопискиот експеримент во кој се живеат совршени животи е всушност изграден на вознемирувачки тајни.
– Дали би се откажале од својот идеален живот за да ја направите вистинската работа? Тоа е прашањето што го поставува овој филм – изјави Оливија Вајлд претставувајќи го трејлерот на CinemaCon.
Рекла и дека филмот е нејзино љубовно писмо до „Matrix“ и „Inception“, а изведбата на Флоренс Пју е „раѓање на голема актерска ѕвезда“.
Таа ја нарече музичката ѕвезда Хари Стајлс „откровение“.
– И јас сум во филмот затоа што сум единствената што можевме да си ја дозволиме кога дојде време за кастинг – се пошегува убавата актерка и режисерка.
Во „Don’t Worry Darling“ играат и Џема Чан, Ник Крол, Даглас Сит, Тимоти Сајмонс и Кики Лејн.
„Don’t Worry Darling“ ќе се појави во кината во САД од 23 септември.