ШОКАНТНО По 50 години откриена причината за смртта на Брус Ли

24 ноември, 20220
Screenshot_3

Речиси 50 години откако почина, докторите тврдат дека ја откриле причината за ненадејната смрт на Брус Ли

 

 

 

Славниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли умрел многу млад, на 32 години на 20 јули, 1973 година. Веста за неговата смрт брзо се проширила, а лекарите врз основа на обдукција заклучиле дека починал од оток на мозокот.

 

Како причина за создавање на едемот било наведено земањето одредени лекови против болки, но за кратко почнале да кружат разни теории за неговата смрт.

 

Кога фотографиите од неговото отечено лице се појавила во јавноста, теоретичарите на заговор зборувале дека бил отруен, а како главен виновник ја наведувале неговата тогашна љубовница. Други тврделе дека го убиле кинески гангстери, а суеверните отишле чекор подалеку велејќи дека го убило проклетството.

 

Сега, 49 години по неговата смрт, истражувачите ги прегледале доказите и заклучиле дека Брус веројатно починал од хипонатриемија.

 

„Со други зборови, бубрезите не можеле да му го излачат вишокот вода и затоа Брус Ли починал“, напишал тим на експерти.

 

 

Што е хипонатриемија?

Хипонатриемија значи дека нивото на натриум во крвта – што на телото му е потребен за одржување рамнотежа на течностите – е абнормално низок. Неурамнотеженоста предизвикува отекување на клетките во телото, вклучувајќи ги и оние во мозокот.

 

Според истражувањата, Брус имал повеќе знаци на ризик од хипонатриемија, вклучувајќи го и тоа што пиел голема количина на течности, користел канабис – кој ја зголемува жедта, како и други причинители што ја намалуваат способноста за функција на бубрезите, како што е употребата на лекови и алкохол.

 

Неговата сопруга Линда открила дека Брус пред смртта бил на диета заснована на сок од моркови и јаболка. И Метју Поли, кој ја напишал биографијата за Брус Ли A life во 2018 година, споменува дека пиел многу вода на денот на неговата смрт.

 

Истражувањето заклучува:

 

„Претпоставуваме дека Брус Ли починал од специфичен облик на дисфункција на бубрезите: неможност да излачуваат доволно вода за да одржат хомеостаза на водата, што генерално е тубуларна функција. Тоа може да доведе до хипонатриемија, церебрален едем (оток на мозокот) и смрт во рок од неколку часа ако прекумерното внесување вода не е усогласено со излачувањето вода од урината, што се поклопува со временската рамка на смртта на Ли.“

 

Исто така, се наведува дека Брус често користел канабис, а неговата консумација може да ја зголеми жедта.

 

Поли во својата книга ја споменува долготрајната употреба на оваа супстанца на 20 јули 1973 година, дента кога Брус умрел. Истражувачите сугерираат дека тоа можеби го натерало Брус да испие премногу вода.

 

„Иронично, Ли се прослави со цитатот ‘Биди вода, пријателе мој’, но се чини дека вишокот вода на крајот го убила“, напишале.

 

Смртта на Брус се случила само неколку недели пред да излезе филмот Enter The Dragon, првиот голем кунг фу филм во западна продукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *