
Пејачката Адел и нејзиното ново момче Рич Пол моментално се на одмор во Италија.
Имено, Адел и Рич заминаа на романтичен одмор на Сардинија, а парот беше фотографиран од локалните папараци.
Штом пристигнале на островот, биле пречекани од локалните папараци и го овековечиле нивното пристигнување.
Адел беше облечена во шарен фустан и не ѝ пречеше да ја снимаат папараците, а тоа го докажува и нејзината насмевка, судејќи по останатите фотографии, пејачката била расположена.

Нејзиното момче Рич носеше бели шорцеви и маица со долги ракави со пруги.
Да потсетиме, Адел и Рич се заедно од јуни минатата година и тоа е нејзина прва врска по разводот со Сајмон Конецки, со кој го има синот Анџело.
