Ако имате АКНИ, не ја јадете ОВАА храна: Предизвикува воспалителни процеси и кожата побрзо се масти

22 септември, 20220
33958_bubuljice_f

Која храна не треба да ја јадете доколку имате проблем со акните – намирници кои предизвикуваат мозолчиња и побрзо ја прават кожата мрсна.

Акните се најчестиот проблем со кожата, а повеќето луѓе се соочуваат со нив барем еднаш во животот. За третман на акни најчесто се препорачуваат дерматолошки тестирани козметички производи, но не треба да заборавиме на она што е внатре, бидејќи појавата на акни може да биде поврзана со здравјето, па дури и со одредени болести. Исто така, важно е да внимавате на храната што ја консумирате, како и на физичката активност.

Како се појавуваат акни?

На површината на кожата има мали отвори наречени пори кои се поврзани со лојните жлезди. Акните се појавуваат кога овие пори се затнати со мртви клетки на кожата или себум, во присуство на бактерии кои предизвикуваат акни. Затоа во негата на кожата склона кон акни најчесто се користат производи со антибактериски компоненти. Меѓу најчесто користените се салицилна киселина, цинк, бела глина, масло од чајно дрво, пишува „Sensa“.

Кога станува збор за исхраната и акните, најважно е да се намали нивото на шеќер во крвта. Кога шеќерот во крвта се зголемува по оброкот, телото ослободува голема количина на фактор на раст сличен на инсулинот, хормон кој ги тера лојните жлезди да работат уште поактивно.

Храната што го стимулира овој процес вклучува тестенини, ориз, бел леб, газирани сокови и други извори на едноставни јаглени хидрати. Храната што ја сметаме за здрава, исто така, може да игра улога во скокот на шеќерот, на пример, компирот или вареното цвекло, бидејќи тие исто така имаат висок гликемиски индекс.

Кристина Виноградова, руска нутриционистка, истакнува дека луѓето со проблеми со акните треба да ги избегнуваат следните намирници:

Сета брза храна, нездрава храна лошо влијае на кожата. Ограничете го конзумирањето на чипс, крекери, газирани сокови, колачи, слатки, суво месо, конзервирана храна итн.

Шеќерот е главниот фактор за патогената флора во нашето тело. Отстранете го целиот додаден шеќер (слатки, џемови, колачи).

Глутен (кожата е одраз на состојбата на гастроинтестиналниот тракт) – ако имате чести проблеми со акните, можеби ќе сакате да проверите дали сте чувствителни на глутен.

-Млечни производи (спроведени се многу студии за поврзаноста помеѓу акните и конзумирањето на млечни производи: сладолед, млеко, свежо сирење итн.)

-Овошје со висок гликемиски индекс – исклучете ги од исхраната некое време додека не се регулира проблемот со акните.

Напомена: Доколку имате акни и проблематична кожа на лицето, задолжително консултирајте се со дерматолог!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi