Брачниот советник Корин Волер од Минесота откри на што најмногу се жалат жените кога се во прашање проблемите во врската.
Според нејзиното искуство, она што најмногу им пречи на жените е тоа што секогаш мораат да им кажат на своите сопрузи што да прават кога се обидуваат да се договорат за поделбата на домашните работи.
Таа додаде дека ова е пример за „активна одговорност“, која се спротивставува на „пасивната одговорност“. Таа тврди дека жените припаѓаат на првата група, а мажите во втората, што предизвикува тензија во врската.
„Пример за активна одговорност е кога размислувате за тоа кои домашни работи треба да се направат и на крајот всушност ги извршувате. Пасивната одговорност е кога некој има слободно време и може да помогне во домашните работи, но сепак чека некој да му каже да ги направи“, објасни таа.
Волер дошла до заклучок дека жените сакаат партнери кои се однесуваат „активно и одговорно“ кон домашните работи и децата, а не партнери кои мораат да бидат потсетувани за да ги исполнат своите обврски.
@corrinthecounselor Passive Responsibility vs Active Responsibility #relationships #therapy #ThatCloseMessenger #marriage #IDeserveTuitionContest