Анџелина Џоли танцува со својата ќерка Захара: Во нејзино друштво популарната актерка изгледа сосема поинаку

4 август, 20220
profimedia-0639700234-830x0

Гордата мама лежерно танцува со своjaта миленичка, а обожавателите уште повеќе ја сакаат поради нејзината природност

Анџелина Џоли, кога е покрај своите деца, изгледа сосема поинаку од Анџелина на која сите сме навикнати. Така беше и за време на танцот со нејзината 17-годишна ќерка Захара.

Оскаровката уживаше учејќи чекори во Здружението Greater Los Angeles Morehouse и NAASC Лос Анџелес. Претседателот на Морхаус во Лос Анџелес го сподели видеото на кое се гледа како 47-годишната актерка без напор изведува некои од потезите.

Актерката со својата ќерка го играла, таканаречениот „електричен тобоган“ во ритамот на музиката која очигледно ја понела. Покрај опуштеното однесување, Анџелина има и многу лежерен стајлинг.

Носи светло сив џемпер, косата и е навлечена наназад и многу малку шминка; таа изгледа природно и занесно. Џоли и во ова опуштено издание се истакнуваше со својата насмевка во друштво на други жени, кои беа исто така лежерно облечени и танцуваа заедно со холивудската ѕвезда.

Прегратката со ќерката покажа во што најмногу ужива познатата актерка.

Можеби е бестрашната Лара Крофт на ТВ, но кога е со своите деца, таа е само мајка со најголема насмевка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *