
Ова е едноставен трик кој секоја жена мора да го знае. Не трошете повеќе пари на скапи суви шампони кога можете да постигнете уште подобри резултати со овој производ.
Секоја жена има период кога косата пребрзо ѝ се мрси, а секојдневното миење помага само привремено. Секогаш кога одите некаде, вашата коса изгледа мрсно и неуредно, а веќе не знаете што да правите со неа. Потоа „фрлате“ многу пари на разни суви шампони, а не сте ни свесни дека решението седи во вашата кујна и чека да го откриете.
Досега повеќето од вас користеле бебешка пудра, но што ако ви снема кога ви е најпотребна, а продавниците не се отворени? Имаме совршено решение, според жените кои го пробале, дури и подобро од пудрата.
Девојките на TikTok полудеа по оваа иновација за убавина. Бебешката пудра сега е минато. Жените открија дека какаото прави чуда кога се нанесува на мрсна коса, особено на потемна боја како кафена. Потребно е само да земете какао, четка во прав и да го нанесете на коренот на косата, а по нанесувањето ќе изгледа сјајно и чисто.
Можеби ви звучи чудно, но вреди да се проба.
Погледнете како изгледа тоа во пракса во видеото подолу.
@__ria9__ I didnt have corn starch, but it still worked..coco powder as dry shampoo 🤭