Без грам брашно: Рецепт за сочен колач со портокали и бадеми

30 јануари, 20220
62227615-kolac

Доколку сакате десерти со изразен вкус и арома на цитрус, тогаш оваа торта е вистинскиот избор за вас. Денеска ви носиме рецепт за вистински ароматичен и сочен колач од портокал и бадем кој не содржи грам брашно, а самата подготовка воопшто не е комплицирана.

СОСТОЈКИ ЗА КОЛАЧ ОД ПОРТОКАЛ И БАДЕМ:

2 непрскани портокали со средна големина
6 големи јајца на собна температура
360 гр мелени бадеми
250 гр шеќер
малку путер или друга маст по желба за калапот
лебни трошки за калапот

ПОДГОТОВКА НА ТОРТА:

1. Калапот по желба намачкајте го со малку путер и посипете со лебни трошки.

2. Портокалите измијте ги, ставете ги во длабок сад и истурете во него доволно ладна вода за целосно да ги покрие портокалите, а потоа варете на средна топлина 40 минути. Периодично проверувајте дали портокалите се уште под вода, а доколку не се додајте малку вода. По 40 минути исцедете ги портокалите и оставете ги да се изладат. Потоа исечете ги, извадете ги семките и ставете ги во блендер. Блендирајте додека портокалите не добијат структура на мармалад.

3. Јајцата и шеќерот се мешаат додека смесата не стане густа и не добие бледожолта боја. Додадете ги пирето од портокал и бадем, сè убаво измешајте и истурете ја смесата во калапот. Се пече во рерна загреана на 180 степени Целзиусови.

4. Печете го колачот околу 50 минути, во зависност од јачината на вашата рерна. Кога ќе се одвои од калапот и ќе добие златно жолта боја на површината, прободете го во средината со чепкалка за да видите дали има влажни траги од смесата. Ако не, колачот е готов и можете да го извадите од рерна.

СОВЕТ: Кога колачот ќе се олади, можете да го украсите со кришки свеж портокал, ленти од кора од портокал или само да посипете со малку шеќер во прав.

Немојте целосно да ги замените портокалите во рецептот со лимон, бидејќи резултатот ќе биде прилично кисела торта на која нема рамнотежа на вкусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi