Белите траги на јазикот воопшто не се БЕЗОПАСНИ: Можат да бидат показател на опасни БАКТЕРИИ, а еве и кои

29 јуни, 20220
shutterstock_1450585952

Белите траги на јазикот може да укажуваат на различни работи и дека нешто не е во ред со организмот.

Иако обично е безопасна, оваа појава може да биде и показател за некои опасни болести.

Формирањето наслаги на јазикот најчесто е поврзано со забната и оралната хигиена, воопшто. Пушењето, алкохолот, дишењето преку уста, антибиотиците и слично може да бидат причинители за оваа појава, а тогаш велиме дека оваа состојба е прилично безопасна. Што не значи дека не треба да се поправа.

Од друга страна, оваа појава може да укажува на ослабен имунитет или недостаток на некои минерали и витамини во организмот. Ако е придружена со симптоми како што се пецкање и болка, најдобро би било да отидете на преглед и да проверите кај вашиот лекар дали треба да преземете дополнителни чекори.

Бели наслаги на јазикот може да настанат и како резултат на присуството на бактеријата кандида. Ако имунолошкиот систем функционира правилно, кандида нема да биде проблем. Сепак, ако е ослабен, кандидата може да се прошири на други делови од телото, да влезе во крвотокот и да навлезе во ткивата што го сочинуваат срцето и мозокот.

Против белите наслаги можете да се борите и по природен пат, иако консултација со лекар навистина се препорачува. Неопходно е да се води сметка за хигиената, а се препорачува да се користат намирници кои можат да бидат корисни во оваа борба.

1. Лук

Ќе ви помогне да се борите против бактериите и да ја дезинфицирате усната шуплина.

2. Алое вера

Магично растение со силно антиинфламаторно дејство. Пастата за заби и миењето на устата на база на алое вера се одлични алатки во оваа борба.

3. Сол

Абразивните честички сол лесно ќе ги отстранат мртвите клетки и нечистотиите од вашиот јазик. Доволно е да посипете малку сол на јазикот и да го триете со четка, најмалку 2 пати на ден.

4. Куркума

Покрај тоа што е феноменален зачин, куркумата е и одлична замена за миење на устата. Измешајте куркума и сок од цитрус додека не добиете паста. Тријте го јазикот со пастата 2 минути и исплакнете со млака вода.

5. Сода бикарбона

Семоќната сода бикарбона, како што тврдат некои истражувања, може да ја зголеми pH вредноста на јазикот и усната шуплина, со што се намалува бројот на бактерии. Земете сок од лимон и направете паста што ќе ја користите како пилинг за да ги отстраните мртвите клетки и бактериите од јазикот.

Покрај сето ова, можете да користите и стругалка за јазик. Тоа е ефикасно средство кое ги отстранува сите наслаги од јазикот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi