Бермудите се повторно тренди: Модното парче кое го обожава и Бела Хадид

28 јуни, 20220
devojka-bermude-830x0

Модниот тренд од деведесетите се врати на голема врата и ги зафати улиците. Жените со задоволство го прифатија трендот на носење бермуди бидејќи ова модно парче комбинира елеганција и лежерност, па како такво е идеално за секоја пригода.

Најпопуларните модели се од тексас и со подлабок струк, а доброто е што можат да бидат дел од кежуал, деловен, но и елегантен стајлинг.

Манекенката Бела Хадид е позната по своите модни стајлинзи во кои доминираат бермуди. Ги комбинира со леснотија и многу самодоверба, поради што на многумина им е инспирација.

Во новите модни линии се појавија бермуди со различни кроеви, од класични, малку поурбани до ретро модели, кои имаат модерна форма.

Се издвојуваат широките тексас бермуди, иако во колекциите може да се најдат и тесни модели, кои потсетуваат на моделите на велосипедистички, кои најчесто ги носи Бела Хадид.

Тука се и бермудите со висок струк, кои се носат со ремен, како и моделите со А-крој во ретро стил.

За поелегантни пригоди идеални се свилените бермуди, малку подолги, а одлично одат со кошули, топ-кошули, туники…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi