Беше пример за девојчињата, а потоа дрогата и алкохолот сосема ја променија: Сега изгледа непрепознатливо

3 јули, 20220
profimedia-0416740492-830x0

Американската актерка Аманда Бајнс (36) се прослави во тинејџерските комедии „What a Girl Wants“, „She’s the Man“ и „Hairspray“, а денес е тотално непрепознатлива.

Имено, поранешната убавица папараците ја уловија во Лос Анџелес кога накратко излегла на кафе.

Се прошета во лежерно издание, облечена во фармерки и сива широка кошула, а многумина забележаа дека нема веренички прстен на раката, па многумина се прашуваат дали актерката се уште е свршена.

Како и повеќето детски ѕвезди, Аманда исто така се бореше со депресија, имаше неколку нервни сломови и одреден период беше зависна од алкохол и дрога. Неколку пати беше во болница за рехабилитација и на психотерапија под надзор на лекар.

Се тргна надолу во 2012 година кога беше уапсена за возење под дејство на опијати, една година подоцна беше фатена како пуши марихуана во фоајето на зградата во Њујорк каде што живееше, а од 36-ти фрли стаклен бонг кон полицијата.

Во тој период Аманда објавувала и чудни фотографии, а истата година подметнала пожар пред куќата на луѓе кои не ги познавала, по што била ставена под надзор. Потоа завршила на психијатрија каде било утврдено дека боледува од биполарно растројство и шизофренија.

Од 2020 година таа е свршена со својот партнер Пол Микаел, кој го запозна за време на рехабилитација, а нивната врска беше бурна. Аманда еднаш повикала полиција бидејќи го затекнала како ја вандализира куќата на мајка му и гледа филмови за возрасни.

Сега кога актерката е фатена без вереничкиот прстен, сите се прашуваат дали се уште се заедно.

Аманда почна да се занимава со глума на седум години, а веќе на 13 години водеше свое шоу. Во неколку наврати изјавила дека медиумското внимание и било стресно, а во тоа и помогнале алкохолот и дрогата.

Актерката со години се обидува да излезе од тој круг на пеколот, а на почетокот на минатата година наводно и успеала бидејќи дипломирала за моден дизајн.

Таа во интервју за TMZ изјави дека ќе се врати на актерството само доколку се ослободи од зависноста.

– Би сакала да се вратам на актерството за да се опоравам. Би било големо искуство да се продолжи со шоуто – изјави тогаш таа.

Како изгледа сега Аманда Бајнс погледнете подолу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi