Секоја врска има подеми и падови и понекогаш е тешко да се разграничи дали вреди да се борите за неа или е подобро секој да продолжи по својот пат.
Ако сте во дилема, обрнете внимание на следните шест знаци, кои според мислењето на Рејчел Меклин, стручњак за врски, покажуваат дека е време да ставите крај на врската.
- Не се смеете
Обрнете внимание на она што ви го зборуваат пријателите. Ако постојано ви сугерираат дека веќе не личите на себе, време е да размислите за причината. Една од можните причини за тоа е незадоволството од љубовта, бидејќи лошите врски имаат моќ да ја одземат од нас сета енергија и волја за живот.
- Не сакате секс
Сексуалниот нагон опаѓа ако сте долго заедно, но ако вашиот партнер веќе воопшто не ве возбудува и не ви се допаѓа ни самата помисла да водите љубов со него, можеби проблемот е посериозен.
- Сакате да бидете сами
Несреќните парови полека се оддалечуваат за да дојдат до момент кога веќе воопшто нема да сакаат да поминуваат време заедно. Веќе не планираат заеднички патувања, излети, а не брзаат ни дома после работа бидејќи дури и најмалите ситници кои ги прави партнерот ги иритираат.
- Не си доделувате комплименти
Кога сме во врска со личност која не ја сакаме, потсвесно сакаме да престанеме да ја усреќуваме. Недоделувањето комплименти е само еден од начините да го оствариме тоа.
- Не ве интересира како изгледате
Во долгите врски луѓето се опуштаат и не му придаваат толкаво значење на изгледот. Но, ако воопшто не ве интересира како изгледате кога со вашата „поубава“ половина ќе излезете на вечера, тогаш тоа не е добар знак.
- Не го/ја браните
Кога сакаме некого, ќе го браниме пред другите без оглед дали е во право или не. Ако правите спротивно на ова и го исмејувате партнерот во јавност, значи дека веќе немате почит за него. А, љубов без почитување не постои.