МЛЕКО ПРОТИВ ПОДОЧНИЦИ! Овие намирници можат да ви помогнат трајно да се ослободите од темните кругови околу очите

12 јануари, 20220
Screenshot_8

Прочитајте ги сите природни начини на кои можете да се ослободите од темните кругови околу очите.

 

Ако имате темни кругови околу очите, овие природни маски и облоги ќе ви помогнат да се справите со нив. Се разбира, за сѐ е потребно време. Бидете трпеливи и резултатите ќе си дојдат.

 

Млеко

 

Овој напиток има фантастична способност да ја избелува кожата, па затоа е идеален за отстранување на темните кругови околу очите. Натопете памукче во млекото, оставете да се исцеди вишокот течност, а потоа нежно тријте ја кожата околу очите. Оставете да делува половина час, а потоа исплакнете со топла вода.

 

Ананас

 

Растворете го бебешкиот прав во малку вода и мешајте додека не се добие паста. Додадете свежо исцеден сок од ананас, претходно изладен во фрижидер и добро измешајте. Нанесете ја пастата на пределот околу очите и држете петнаесет минути. Оваа процедура се применува два пати неделно, а уште подобри резултати се постигнуваат ако свежо исцедениот сок од лимон внимателно се нанесува на пределот околу очите по премачкувањето.

 

Бел слез

 

Направете смеса од 15 гр камилица и 10 гр корен од бел слез и корен од сладунец, па прелијте го со 2 дл вода. Ставете го на шпорет и кога ќе зоврие оставете да се крчка неколку минути, а потоа изладете и процедете. Натопете ги туферите со млакиот чај и намачкајте ги очните капаци. После тоа, ставете ги растенијата во газа и држете ги на очните капаци десет минути. Извадете ги облогите и измијте со чај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi