Богати со витамини, минерали и антиоксиданси
Многумина на прашањето „кое е најздравото овошје?“ без многу размислување ќе одговорат –бобинките. И нема да погрешат.
Бобинките се многу богати со витамини, минерали и антиоксиданси кои го чуваат здравјето и штитат од негативните ефекти на оксидацијата и слободните радикали.
Овошје што го обожуваат повеќето луѓе дефинитивно се боровинките. Тие често се етикетирани како суперхрана, нискокалорична бидејќи се неверојатно добри за исхраната и здравјето.
Еве четири причини зошто ова овошје треба да биде дел од вашето дневно мени.
- Зајакнување на коските
Тие се богати со калциум, железо, магнезиум, манган, цинк и фосфор, кои се клучни за здрави коски.
- Нега на кожата
Антоцијаните им помагаат на боровинките во борбата против оксидативното оштетување на ДНК, додека изобилството на витамин Ц е главен фактор за градење на колаген. Затоа, редовното консумирање може да помогне да се намалат знаците на стареење, брчките, старечките дамки и акните.
- Намалете го лошиот холестерол
Истражувањата велат дека влакната и антиоксидансите можат да помогнат во растворање на лошиот холестерол. Студиите на „Јournal of the Academy of Nutrition“ откриваат дека секојдневното консумирање боровинки во исхраната помага да се подобри крвниот притисок и артериската вкочанетост кај жените.
- Го одржуваат здравјето на кардиоваскуларниот систем
Боровинките се состојат од полифеноли кои имаат антиоксидантни и антиинфламаторни својства, а можат да придонесат за здравјето на срцето и да ги намалат проблемите со истото. Исто така можат да го регулираат крвниот притисок.