
Новиот моден стил што Бред Пит го спортува во изминатите неколку недели ги воодушевува неговите верни обожаватели, но и модните критичари кои можат да се согласат за едно нешто – тој никогаш не изгледал подобро.
Неговиот препознатлив момчешки шарм исчезна во втор план, бидејќи со текот на годините лицето му станува малку погрубо, па сега испушта сосема нова енергија. Кога на тоа ќе ги додадеме боите кои почна да ги носи, можеме само да кажеме – ЛЕЛЕ!

Познатиот актер веќе неколку недели е зафатен со турнеи низ главните градови со цел да го промовира својот најнов филм „Bullet Train“, па на црвениот тепих во Лос Анџелес се појави во хит бојата за 2022 година.
Оваа зелена боја ги пробива сите пори на овогодинешните трендови, па неговиот ленен костум во комбинација со светло сина маичка беше полн погодок. Очигледно е уморен од носење класични костуми и смокинг, а ние се согласуваме – ова е навистина новиот Бред.

Откако се разведе од Анџелина Џоли пред шест години, тој води правна битка за старателството и половина од имотот на југот на Франција што таа му го продаде на руски олигарх и на тој начин му се закани на неговиот бизнис со производство на скапи вина. Тој случај завршил дури и на суд, каде Пит го загубил случајот, а после тоа се почестил со нова куќа која ја платил неверојатни 40 милиони долари во мало гратче во Калифорнија, која планира да ја реновира.

Иако не ги гледа своите деца колку што би сакал, славниот актер сепак ја има својата препознатлива насмевка каде и да се појави, па жените сепак лудуваат по него и го коментираат неговиот изглед на социјалните мрежи.