БРЕД ПИТ СИ ЈА „ФАТИ“ ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА НА СВОЈОТ КОЛЕГА! Плени со својата убавина и е речиси 30 години помлада од актерот! (ФОТО)

popara21 ноември, 20221min00
Screenshot_3

Бред Пит се појави минатиот викенд на концертот на Боно во Лос Анџелес во интересно друштво.

 

 

 

Познатиот актер на музичкиот настан дојде со Инес де Рамон. Се појавија заедно околу 20 часот, а тогаш им се придружија Синди Крофорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер и актерот Шон Пен кои исто така, уживаа на концертот, пишува „Пејџ сикс“.

 

Бред (58) и Инес (29) изгледаа многу блиски на фотографијата, која ексклузивно ја објави „Дејли мејл“.

 

 

Фотографиите може да ги погледнете ТУКА.

 

 

По концертот, Пит отиде со својот автомобил, додека Инес отиде во придружба на обезбедувањето на актерот.

 

Бред Пит, кој зад себе има два брака, неодамна беше поврзан и со Емили Ратајковски, но набрзо се воспостави дека не станува збор за љубовна врска.

 

Која е Инес де Рамон? Од 2019 до 2022 година беше во брак со актерот Пол Весли, со кого почна врска во 2018 година. Се знае дека се разделиле, но не е познато дали и разводот е судски решен.

 

Таа има завршено студии по деловна администрација во Женева, има диплома за нутриционизам, а најмногу се занимава со дизајнирање накит, кој го носат познати личности, како Хејли Бибер, Кортни Кардашијан и Менди Мур.