Брзате на работа, а косата сеуште ви е МОКРА? Постои лесен начин БРЗО да ја исушите

1 февруари, 20220
kosa-2-2048x1365

Наведнете ја главата надолу и исчешлајте ја од коренот до врвовите

Ако не сте стигнале на време да ја измиете косата и го правите тоа непосредно пред да одите на работа, не грижете се.

Експертот и ко-основач на Saco Hair, Ричард Асфорт ги сподели своите едноставни и ефективни совети кои ќе ви помогнат да отидете на работа со свежо измиена и брзо сушена коса.

Оставете малку да се исуши на воздух

Кога ќе излезете од туш, нежно исушете ја косата со крпа, нанесете серум за коса и почекајте 10 минути. Во меѓувреме, можете да ја завршите утринската рутина. Но, не чекајте премногу долго – косата што се суши долго време станува се потешко да се обликува.

Наместо пешкир, користете материјал кој побрзо ја впива водата

– Во салонот често користам хартиени крпи за да исцедам што повеќе вода пред нанесување на производите. Ако немате место во бањата за купишта хартиени крпи, наместо тоа инвестирајте во мека крпа од микрофибер – вели Асфорт.

Помеката текстура апсорбира двојно повеќе вода и нема да ви ја направи косата виткана.

Не прескокнувајте го регенераторот

Регенераторот ги измазнува вашите прамени, ја задржува влагата и може да помогне вашата коса да се исуши побрзо. Силиконот го премачкува секој прамен и го затвора, отфрлајќи ја водата во процесот.

Започнете од коренот

Најдобро е сушењето од коренот, а не од врвовите. Прво исушете ја косата со фен за волумен, а потоа исфенирајте ја за да добиете елегантен, сјаен изглед. Исто така, треба да започнете од предниот дел на главата. Ако тргнете од задната страна, тоа значи дека предната страна е веќе исушена кога ќе стигнете до неа и како таква ќе ви биде потешко да го постигнете посакуваниот изглед.

Избегнувајте метални четки

Користете квалитетна четка или чешел. Купувањето квалитетна четка е исплатлива инвестиција и ќе ви трае со години. Избегнувајте метални четки бидејќи тие ја прегреваат вашата коса и ќе предизвикаат оштетување со текот на времето.

Керамичките четки со тркалезна рачка спроведуваат топлина и ќе се загреат под протокот на топол воздух на фенот, намалувајќи го времето што ќе го поминете за сушење на косата.

Исушете ја косата од мокра до влажна – поставете ја главата наопаку и исчешлајте ја од коренот до врвот пред да нанесете некој производ за обликување на косата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi