БРИЖИТ МАКРОН БЛЕСНА НА ПЛАЖА: Облече костим за капење кој одлично и прилега на секоја жена, а го носат сите познати дами

popara7 август, 20221min00
289817_brigittemacron_ls

Стилот на оваа припадничка на понежниот пол предизвикува различни реакции во последните години, но овој пат сите се согласија дека направила полн погодок!

За многумина, француската прва дама Брижит Макрон е синоним за елегантен деловен стил, иако понекогаш добива критики за нејзиниот моден избор. Најчесто, според модните експерти, таа е беспрекорно облечена, секогаш во склад со пригодата.

Сепак, нејзините следбеници на социјалните мрежи веруваат дека понекогаш избира облека што не и прилега на жена на нејзина возраст, а дали навистина постои таква граница? Од друга страна, Бржит воопшто не се грижи за тоа и продолжува да го носи она што и се допаѓа.

Но, никој немаше замерки за нејзиниот избор на костим за капење, кој совршено може да и прилега на секоја жена! Таа избра класичен, безвременски модел за својот одмор во „Bormes-les-Mimosas“, каде што се наоѓа официјалната летна резиденција Бреганкон од 1968 година.

Таа блескаше на плажата во црн едноделен костим за капење, додека францускиот претседател уживаше во водените спортови.

Исто како малиот црн фустан, неутралниот црн едноделен костим за капење е одличен избор. Тој е едноставен, но многу ефикасен и одлично им одговара на жените од сите генерации и фигури.

По овој модел полудеа и бројни други дами од светската јавна сцена, како Џенифер Лопез, Пенелопе Круз, Сара Џесика Паркер, Шерон Стоун итн. А како изгледаат во него, погледнете во галеријата:

289805_62356040jenniferlopez_ff
289801_62356043romeestrijd_ff
289803_62356042charlizetheron_ff
289807_62356039sarahjessicaparker_ff
289815_62356036cyndilauper_ff
289809_62356041carolinewozniacki_ff
289811_62356038kelseaballerini_ff
289813_62356037penelopecruz_ff
289825_62356035sharonstone_ff