Бритни Спирс објавува мемоари, адвокатите на татко и подготвуваат тужба: Преку него нема да заработи 15 милиони долари!

22 јуни, 20220
101838327962b2e03088a65909257069_640

Бритни Спирс неодамна се омажи за својот долгогодишен вереник Сем Асгари, а обожавателите помислија дека конечно и тргна на подобро, но нејзиниот татко Џејми Спирс повторно почнува да и прави проблеми.

Џејми Спирс се исплашил поради објавувањето на мемоарите на Бритни во кои ги открива тајните на животот под заштита на татко си, па покренал случај против неа. Тужбата се заснова на фактот дека пејачката наводно изнела „неточни и неосновани тврдења“ против него.

Адвокатите на Џејми се обидуваат да извлечат исказ под заклетва од Спирс на суд, за да можат да го искористат против неа. Сепак, тврдат и дека Бритни не сака повторно да зборува за старателството на суд, за да може да открие се исклучиво во своите мемоари и на тој начин да заработи 15 милиони долари.

Од друга страна, адвокатскиот тим на Бритни Спирс тврди дека тоа се „емоционално тешки теми“ за неа и дека тоа е единствената причина поради која таа не сака повторно да зборува за тоа на суд.

„Смешно е што Бритни може да зборува за прашања што сама си ги поставува (вклучително и наплата на чек од 15 милиони долари за мемоарите), но таа би била „неоправдано оптоварена“ со тужба иницирана од нејзините правни советници“, напишаа адвокатите на Џејми Спирс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *