Брокулата е СУПЕР ХРАНА и штити од многу болести: Водете сметка како ја подготвувате, а некогаш мора и да ја исфрлите од исхраната!

popara4 јануари, 20221min00
3767_bowl-of-broccoli-g20dfc9700-1280_f

Брокулата содржи многу хранливи материи, вклучувајќи влакна, витамин Ц, витамин К, железо и калиум. Исто така, содржи повеќе протеини од другите зеленчуци

Брокулата можете да ја користите и сирова и варена, но неодамнешните истражувања покажуваат дека нежното готвење на пареа дава најмногу здравствени придобивки.

Ако ви е тешко да готвите на пареа, користете тактики за кратко готвење. Брокулата ставете ја во зовриена вода, само неколку минути. Ќе ги зачувате и бојата и вкусот.

ЗОШТО БРОКУЛАТА Е ВАЖНА?

Студиите сугерираат дека консумирањето на овој зеленчук е поврзано со намален ризик од многу видови на рак, вклучувајќи ги белите дробови, дебелото црево, дојката, простатата, панкреасот и желудникот.

Брокулата влијае на ензимите на црниот дроб, го намалува оксидативниот стрес, го намалува воспалението, го стимулира имунолошкиот систем и се бори против развојот и растот на ракот, па затоа се советува и на пациентите по операција.

Тоа е сулфорафан кој делува против формирањето на рак на молекуларно ниво со намалување на оксидативниот стрес.

Сулфорафан се јавува во 20-100 пати поголеми количини кај младите никулци од брокула отколку кај возрасните глави од овој зеленчук, па затоа можете да го земете предвид овој начин на примена.

Кога треба да избегнувате брокула?

Оние кои земаат лекови за згрутчување на крвта треба да избегнуваат храна која е богата со витамин К, а брокулата има многу од овој витамин.

Овој витамин директно го блокира дејството на лековите за згрутчување на крвта, па затоа треба да ги ограничите и зелената салата, зелката, аспарагусот, спанаќот, пршутата, авокадото, портокалите и магдоносот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma