За само 20 минути ги имате највкусните ролни на трпезата: Рецепт од домашно лиснато и виршли кое ќе ги одушеви сите

4 јануари, 20220
333601_profimedia0650418361_ff

Сите љубители на колачи и тесто ќе бидат целосно воодушевени од домашните виршли кои ќе бидат совршен избор со мезе, домашни сирења, колбаси, руски и грчки салати, а вкусот и неодоливата арома ќе го соберат целото семејство околу масата. Многу е едноставно да се направи, за само 20 минути.

Состојки:

пакување домашно лиснато тесто
три пакувања мини виршли
150 грама сирење
50 грама путер
домашен кечап
сенф
печен сусам
јајце за премачкување

Подготовка:

Лиснатото тесто исечкајте го на правоаголници и премачкајте ги со тенок слој путер, кечап и сенф. Потоа ставете рендано сирење, па мини хот дог. Сролајте ги и премачкајте со јајце.

Посипете со сусам, доколку сте љубител. Повторете ја постапката додека го имате материјалот. Се пече на 180 степени 20 минути.

Вкусот е фантастичен, како највкусните пецива од пекара, а можете да послужите ролат со виршла со урнебес салата, кечап или таан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi