Брошевите се враќаат во мода: Тие се украс за секоја комбинација на облека

15 јануари, 20220
shutterstock539727307-830x0

Симболот на елеганцијата се враќа на голема врата

Дали ви се чини дека „бранот“ од 80-тите и 90-тите ги преплави продавниците за облека и модните писти? Ретро стилот полека, но сигурно навлегува во нашите плакари и се чини дека планира да остане тука долго, долго…

За среќа на многу дами, покрај облеката од минатото, се вратија и незаменливите брошеви. Отсекогаш беа симбол на елеганција и многу познати дами беа препознатливи по овој детаљ.

Жените најчесто ги носеја на палта, фустани и јакни, а ќе ги носат и во 2022 година.

  1. Спортска елеганција

Иако рековме дека начинот на носење на брошевите нема многу да се разликува од порано, има некои исклучоци. Можеби ова ви изгледа како комбинација на некомпатибилното, но не можете да го оспорите фактот дека брошот и на оваа комбинација изгледа совршено.

  1. Брошеви на капут

Доколку имате крем, беж или црн капут, златните брошеви ќе го направат уште поубав и полуксузен. Пронајдете ги брошевите на вашата баба или мајка и комбинирајте ги со оној што штотуку го купивте.

  1. Брош наместо вообичаен накит

 

Овој стајлинг е доказ за тоа како мал брош може да направи многу за една едноставна комбинација. Доколку не сте љубител на часовници, ланчиња и нараквици, но сепак сакате на стајлингот да му дадете впечатлив детал, тогаш брошот е идеалното решение за вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi