БУДЕЊЕ КАКО НА СУПЕРМОДЕЛИТЕ: Зошто Жизел Бундшен и Миранда Кер пијат млака вода со лимон наутро?

14 мај, 20220
Voda-s-limunom-unsplash

На прашањето како го започнуваат денот, вообичаениот одговор на супермоделите е: „со чаша млака вода со лимон“. Меѓу обожавателите на ова будење е Жизел Бундхен, а поддржувачи се Миранда Кер, Ел Мекферсон и Гвинет Палтроу.

Хидратацијата е исклучително важна наутро, а некои тврдат дека овој напиток може да има некои ефекти како кафето, но без кофеин.

„Водата со лимон може да биде одличен начин за внесување течности во вашето тело после спиење. Киселоста на лимонот може да го има лаксативното дејство на кафето, но без кофеин, па ако сакате да започнете со варење наутро, ова е добар начин“, вели Карен Ансел, авторка на „Healthy in a Hurry: Simple, Wholesome Recipes for Every Meal of the Day“.

За оваа прва утринска хидратација, пожелно е водата да е млака или топла, бидејќи на телото му треба помалку енергија за да ја загрее до телесната температура, па таа побрзо го напушта телото, а може да има благо лаксативно дејство.

Многу љубители на овој утрински рецепт тврдат дека по овој напиток се чувствуваат поенергично, но тоа може да биде само последица на хидратација – истото дејство би го имала и обичната вода. „Дехидрацијата може да ви ја исцрпи енергијата, па затоа е добра идеја да го започнете денот со вода и лимон, кои исто така можат да му обезбедат на телото околу една третина од препорачаната дневна доза на витамин Ц“, вели Ансел.

Сепак, овој напиток не се препорачува за секого: луѓето со чести киселини треба да го избегнуваат, а доколку забележите дека не ви лежи добро во стомакот, не треба да го пиете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *