Бурна реакција на Пике за последните изјави на Шакира: Фудбалерот ја извреѓал поранешната жена!

popara25 септември, 20221min00
345739_h-55709661_ff

Последните изјави на Шакира за разводот со дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, очигледно го вознемириле, па решил да ја каже својата страна од приказната.

Иако на почетокот ниту еден од нив не сакаше да ја пренесе својата интимност во јавноста, сега се случува нешто сосема спротивно.

Ситуацијата меѓу поранешните сопружници станува се покомплицирана, но се повеќе нивната интимност станува јавна.

Шакира во најтемниот момент од животот даде ексклузивно интервју за магазинот „Ел“ во кое зборуваше за тоа како се справува со контроверзното разделување со Пике.

По објавувањето на интервјуто, реакцијата на Пике беше многу бурна. Во текот на целото интервју, покрај приказната за децата, таа ја истакна и приказната дека очите на јавноста постојано се вперени кон неа и дека поради тоа сака да се пресели во Мајами со децата.

Пике смета дека таквите тврдења се лаги и дека Шакира игра улога на жртва.

– Можам само да кажам дека дадов се што имав за оваа врска и моето семејство – изјави Шакира.

– Пике играше фудбал, освојуваше титули, а јас навивав за него – додаде таа.

Потоа нагласи дека целосно ја запоставила кариерата, дошла во Шпанија за да може тој да игра фудбал и да постигне успех. Тоа беше огромен чин на љубов за неа.

Šakira, Đerar Pike

– Благодарение на тоа моите деца пораснаа во дом полн со љубов, а со нив имам нераскинлива врска, а таа ми помага да го издржам сето тоа – нагласи таа.

Пике се изнервира од изјавите и смета дека Шакира сака да ја виктимизира ситуацијата.

– Често ги носеше децата на училиште, на воннаставни активности, на патувања, секогаш кога не работеше беше со нив – вели извор близок до парот.

Фудбалерот е бесен затоа што Колумбијката се дефинира себеси како некој кој одвоил време од својата кариера за да се грижи за своите деца со намера да биде пример и да биде мајка за пример.