ВАЖНИ БРОЈКИ ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ! Потребни ви се 8 чаши вода, 7 часа сон

8 февруари, 20220
Screenshot_1

Во желбата за тенок изглед и помала тежина, многу жени паѓаат во замката на броење калории

 

Но, она што навистина треба да го броиме не се ниту калориите ниту бројките на вагата, туку нешто сосема друго.

 

Нутриционистите потсетуваат дека не треба да се оптоварувате со менија и килограми на храна, туку треба да бидете активни и дисциплинирани, па затоа избрале упатства кои ќе ви помогнат да ослабнете.

 

Треба да вежбате 4 пати неделно. Не мора да одите во теретана или наеднаш да одлучите да џогирате – излезете надвор и пешачете барем половина час. Важно е да се биде упорен – затоа што истрајноста носи резултати!

 

Станувајте секој час

Ако седите цел ден на работа, станувајте секој час и одете пет минути!

 

7 часа сон е задолжително. Сѐ што е под тоа влијае на работата на хормонот лептин кој го регулира метаболизмот и чувството на глад. Така, поради недостаток на сон ќе имате поголема потреба од храна.

 

Треба да пиете 8 чаши вода дневно бидејќи така ќе го хидрирате вашето тело. Ако не пиете доволно течности, метаболизмот се забавува и потешко слабеете.

 

Треба да јадете 2 порции овошје и зеленчук дневно бидејќи се богати со влакна, витамини и минерали, па ќе предизвикаат чувство на ситост и ќе обезбедат дневен внес на витамини. Со здрав оброк ќе имате помала потреба од брза храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi