ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНАТА НЕГА СО КОЈА НЕМА ДА ЗГРЕШИТЕ: Следете ги овие beauty чекори за здрава и убава кожа

10 април, 20220
emily-ratajkowski-nega-lice-koza-0642416106

Експертите и холивудските ѕвезди повторуваат дека сонот е неопходен за обновување на целиот организам, а тоа важи и за нашиот најголем орган – кожата.

Кога станува збор за регенерација и убавина на кожата, спиењето може да има уште посилно влијание врз него, но со добра вечерна рутина за нега на кожата.

За разлика од дневната нега, која има за цел да заштити, ноќната нега се фокусира на обновување и хидратација, а доволни се (само) 5 чекори пред спиење. Еве неколку:

Чистење

Без разлика дали сте се шминкале или не, навечер потребно е да го исчистите лицето од се што било изложено во текот на денот, а најмногу мислиме на загадување од околината. Доколку користите пудра, експертите препорачуваат двојно чистење, а ако не, доволно е нежно средство за чистење во форма на мицеларна вода, кое нема да ја оштети заштитната бариера на кожата.

Тонирање

Можеби нема да го користите толку религиозно, дури може да се запрашате за што всушност служи, но козметичката ѕвезда Џоана Чех препорачува да се користи тонер после чистењето за да се балансира pH вредноста на кожата и нагласува дека е важно формулата да не содржи алкохол. Исто така, тонерот ќе направи серумите и кремите кои подоцна ќе ги нанесете да навлезат подлабоко во кожата.

Крем за очи

Денес ретки се чии денови не вклучуваат многу време пред екранот, а тоа значи многу труд за очите. Затоа, за да се опуштите во вечерните часови, нанесете крем за околу очи, и почестете се со нежна масажа на тоа место, за производот подобро да се впие и да се опуштите.

Серум

Ноќта е идеално време за специфична нега и активни состојки кои обично ги избегнуваме во текот на денот бидејќи можат да реагираат на сончева светлина. Ретиноидите, витамините, киселините и другите активни компоненти кои помагаат во борбата против брчките и пигментацијата се наменети за употреба во вечерните часови, а она што е секогаш важно да се има на ум е дека резултатите ќе бидат видливи дури по неколку недели, па затоа е важно да не да се откажете ако не видите резултати по неколку дена. Внесете по една активна состојка за да го намалите ризикот од иритација. Ако вашата кожа реагира лошо на агресивни состојки како ретинол, изберете ја неговата алтернатива или смирувачки серум со состојки како ниацинамид или алое вера.

Хидратација

Последниот чекор од ноќната нега е хидратацијата, без разлика дали се работи за крем, масло или маска што можете да ја оставите преку ноќ. Овој чекор ги „заклучува“ сите претходно нанесени состојки и ја хидрира кожата преку ноќ. Исто така, корисно е да знаете дека не е неопходно да користите производ на кој пишува „ноќен крем“ за ноќ – можете да го користите и вашиот дневен крем, доколку не содржи заштитен фактор и е богат со хранливи материи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi