Рецепт за варени јајца во сос од сенф
Состојки:
6 тврдо варени јајца
1 мал праз
1 стапче целер
1 китка лисја од магдонос
1 мандарина
Сос:
4 лажици сенф
1 лажица мед
3 лажици печен сусам
400 гр павлака
1 лажица мајонез
1 лажичка сол
Подготовка:
Излупете ги јајцата и пресечете ги на половина по должина. Стракот праз и целерот исечкајте ги на тенки прстени. Во сад добро измешајте ги сенфот, медот, препечениот сусам и солта. Потоа додадете ги павлаката, мајонезот и ситно исечканите листови магдонос и измешајте сè заедно да се соедини. На дното на садот од кој ќе го послужите ставете малку од приготвениот сос, врз него ставете половина од јајцата и прелијте го остатокот од сосот врз варените јајца. Украсете со парчиња мандарина и листови магдонос.
Пријатно!