Веднаш исфрлете ги: Зошто не е добро да ги држите ЧЕВЛИТЕ на местото каде што СПИЕТЕ?

12 јули, 20220
cipele

Ако сте навикнати да натрупувате чевли и влечки во просторијата каде што спиете, треба да престанете да го правите тоа поради неколку причини.

Имено, со чување на чевли во просторијата, создавате идеална средина за размножување на бактерии, на место кое се користи за спиење.

Покрај избегнувањето на зрачењето на екранот на телевизорот или телефонот, многу се препорачува да не ги држите чевлите во спалната соба. Имајте на ум дека шетате по улиците во тие чевли и дека, колку и да ги избришете, тие не можат да бидат чисти, а целата нечистотија и бактерии од улицата ја внесувате во просторијата каде што спиете, која треба да биде колку што е можно почиста.

Од друга страна, има и некои други причини зошто не е добро да се чуваат чевли во спалната соба, според експертите, а тие имаат врска со енергијата во домот. Доколку имате кутии за чевли некаде во собата или тие се набиени во плакарот, тоа би можело да биде причина за несоница, односно да ве вознемирува негативната енергија, тврдат експертите за фенг шуи.

– Оние кои ги следат законите на фенг шуи строго веруваат дека ставањето држач за чевли во спалната соба создава негативно енергетско поле – вели експертот Крити Мавји. Во практична смисла, поставувањето на чевли, кои често се валкани или може да се оштетат, на видно место во простор наменет за одмор и обновување на енергијата ќе направи да се чувствувате непријатно.

А во ова правило на фенг шуи традицијата верува и Стив Пајн, кој советува за избор на кревет, бидејќи околу чевлите има „негативно енергетско поле“.

– Најдобро е да избегнувате чување чевли во кој било дел од спалната соба, но доколку тоа апсолутно не е можно, треба да најдете решение кое нема негативно да влијае на вашата енергија и енергијата на просторот.

Затоа тој препорачува малку пари да вложите во убаво дизајнирани парчиња во кои ќе можете да ги чувате чевлите, за да не се видливи или вознемирувачки во плакарот и да се спречи ширење на непријатни мириси во прасобата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi