ВЕДНАШ престанете да го правите ова: Зошто чистењето на уши со стапчиња е лошо и што да правите наместо тоа

popara18 јуни, 20221min00
shutterstock_292482692

Чистењето на ушите со стапчиња е еден од најчестите чекори кога станува збор за личната хигиена.

Сепак, овој воспоставен метод не е најдоброто решение кога станува збор за отстранување на нечистотиите и природниот восок од ушите.

Уште повеќе, на овој начин може да му нанесете голема штета на вашето здравје, особено ако тоа не го правите на вистински начин. Наместо да се чистат со стапчиња, има други многу поздрави начини за одржување на хигиената на ушите.

Ајде прво да видиме зошто стапчињата се лоши.

Може да предизвика повреда

Можеби звучи неверојатно, но памучните стапчиња можат да предизвикаат повреди на средното уво, поточно да доведат до пукање на тапанчето. Според едно истражување кое се занимавало со повреди на увото, било откриено дека дури 73 отсто од тие повреди се предизвикани од стапчиња.Ова е навистина висок процент ако се земе предвид дека биле прегледани 263.000 луѓе, а истражувањето траело од 1990 до 2010 година.

Тие можат да го турнат восокот подлабоко

Главната цел кога станува збор за чистење на ушите со стапчиња е да се отстрани восокот, но со овој метод всушност може да се турка уште подлабоко во ушната шуплина. Во овој случај единствено решение е посета на лекар кој може да го отстрани проблемот со професионални методи, кои понекогаш знаат да бидат крајно непријатни.

Може да предизвика инфекција

Восокот во ушите, или церуменот, не е без причина. Неговата примарна задача е да ги заштити нашите уши, па дури и целиот организам, од влегување на бактерии и други организми и супстанции (како прашина, нечистотија и инсекти) во увото.

Што се случува кога ќе дојде до повреда?

Доколку болката не е премногу силна, може да ви помогнат и обичните лекови против болки кои можете да ги пиете без лекарски рецепт. Меѓутоа, ако болката се интензивира или е придружена со тинитус и оштетен слух, треба да се јавите на лекар.

Што може да се користи наместо стапчиња?

Можете да користите капки за уши. Тоа може да биде некое бебешко масло, минерално масло или глицерин што треба внимателно да го капете во увото. Со шприц можете да истурите малку топла вода во увото. Потоа навалете ја главата и оставете ја водата да тече.

Можете исто така да користите влажно или едноставно суво, натопено марамче. Ризикот од повреда во овие случаи речиси и да не постои, а само треба да ја извртите раката за да може да влезе во вашето уво.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag