Веќе имате се што ви треба: Отстранете го непријатниот мирис на ЦИГАРИ од вашиот дом со овие 3 методи

16 август, 20220
smrad-2048x1361

Искусните домаќинки добро ги знаат овие работи

Непријатниот мирис на чад од цигари се провлекува насекаде – во облеката, теписите, завесите, мебелот…

За среќа, сосема е можно да се отстрани овој мирис од домот, а искусните домаќинки знаат кои средства се најдобри за ова. Секако, основата е проветрувањето, кое нема да ви биде проблем во топлиот период од годината.

Непријатниот мирис на тутунот лесно можете да го отстраните со оцет. Доволно е да измешате оцет и вода во отворен сад и само да го оставите во средината на просторијата, каде што се отворени прозорците. Мирисот на оцет брзо исчезнува, па нема потреба да се грижите ниту за тоа.

Можете исто така да користите мешавина од оцет и вода како средство за бришење на тапациран мебел и други површини.

Веројатно не сте знаеле, но за оваа работа ќе ви требаат и јаболка. Едноставно исечете едно или две јаболка на неколку парчиња и ставете ги на различни места во просторијата каде што некој пушел.

Во домовите каде често се консумираат цигари, мирисот на чад навлегува во мебелот, теписите, завесите и изгледа како да нема помош, а за да го отстраните овој непријатен мирис ќе ви треба магичната сода бикарбона.

Најпрво добро исчистете го мебелот и теписите, наросете сода бикарбона во тенок слој и оставете ја преку ноќ. Наутро со правосмукалка исчистете ја попрсканата сода, која во меѓувреме ги впила сите непријатни мириси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi