Кога ќе го отстраните додатокот или гелот од вашите нокти, треба дополнително да се грижите за вашите нокти за да ја вратите нивната претходна структура и да ги зајакнете.
Дерматологот Дејна Стерн откри како можете да го направите ова, а воедно советува дека секогаш е подобро да имате пократки нокти бидејќи многу помали се шансите да се расцепат и пукаат.
Ако сакате да им дадете максимална нега на вашите нокти, следете чекор по чекор.
Користете стаклена турпија за нокти
– Евтините турпии залепени на картон можат да направат микроскопски дупки и процепи на работ на ноктот, а потоа тие да се лизгаат. Јас секогаш користам стаклена турпија. Благодарение на неа, рабовите на ноктите се целосно мазни и нема прелистување.
Извадете го лакот со производ без ацетон
– Ацетонот многу ги суши ноктите и го отежнува проблемот на оние кои имаат кршливи и склони кон кршење. Подобро е да користите отстранувач на лак, направен по формула која вклучува и масла за нега – објаснува докторката и потсетува дека е добро повремено ноктите целосно да се оставаат без лак.
Избегнувајте производи со формалдехид
– Вообичаените производи за зајакнување на ноктите ветуваат повеќе отколку што може да се надеваме – рекламите изгледаат премногу добри за да бидат вистинити – вели д-р Стерн.
Во многу од нив, вели таа, има формалдехид или формалин, агенси кои на почетокот ги зајакнуваат ноктите, но со подолга употреба ги прават кршливи и може да се случи дури и да се одвои плочката на ноктите.
Користете масло за нега на нокти
Редовно навлажнувајте ги ноктите и кутикулите и проверете дали формулата содржи квалитетни состојки.
– Најдобри се производите кои содржат фосфолипиди, ја зголемуваат еластичноста на ноктите – објаснува докторката. Такви се сончогледовото масло и маслото од бразилски ореви, па производите со овие масла треба да се втриваат во кутикулите неколку пати на ден.
Премачкајте ги ноктите со гликолна киселина
Гликолната киселина е одлична за обновување на кршливи нокти.
– Помага за зајакнување на кератинот, а има и хидратантна функција. Во исто време, оваа алатка врши и многу нежна ексфолијација на ноктот, што им помага на маслата за нега да имаат посилен ефект – објаснува докторката.
Покрај сето тоа, не заборавајте на стариот, добар трик на нашите мајки – секогаш кога миете садови или алишта – обавезно облечете гумени ракавици!