ВЕ МАЧАТ ЧЕСТИ ГЛАВОБОЛКИ Еве како природно да ја елиминирате болката

20 мај, 20220
Screenshot_10

Се смета дека повеќе од 80 проценти од луѓето страдаат од повремена главоболка, а меѓу 15 и 20 проценти од мигрена.

 

 

Иако во такви ситуации, луѓето најчесто посегнуваат по лекови како најпрактично решение, сепак главоболката ефикасно може да се спречи и лечи на природен начин.

 

Со помош на овие природни методи може успешно да се ослободите од главоболката:

 

Ѓумбир

Го нарекуваат еликсир против главоболка и е одличен избор за моментално олеснување на болка во главата. Помага при намалување на воспалени крвни садови во главата, со што и се намалува болката.

 

Се препорачува чај од корен од ѓумбир или сок од ѓумбир и лимoн во еднаков размер. Чајот или сокот се пие еднаш или двапати дневно.

 

Цимет

Циметот е чудесен зачин кога станува збор за лекувањето главоболка. Измешајте цимет во прав со малку вода и густата паста нанесете ја на слепоочниците и челото, мирно лежете половина час, а потоа исплакнете.

 

Истегнување

Неколку едноставни вежби за истегнување на главата и вратот можат да помогнат во ублажувањето на главоболката. Мрдајте ја главата горе-доле, лево и десно, па кон левото и десното раме.

 

Јадете јаткасти плодови

Ако често страдате од мигрена, размислете да воведете во менито повеќе јаткасти плодови. Имаат двојно дејство, ја ублажуваат болката и делуваат превентивно за спречување на развој на главоболка.

 

Магнезиум

Користете мултивитамински суплемент кој содржи и магнезиум. Овој минерал помага во смирување на нервите, а во текот на напад на мигрена тие се исклучително напнати.

 

Некои истражувања покажаа дека луѓето кои страдаат од мигрена често имаат недостаток на магнезиум во организмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi