Ве очекува СЕНЗАЦИЈА на небото: Задолжително направете една работа која ќе ви го промени животот!

popara22 април, 20221min00
332569_zvezdepadaliceshutterstock-1440604910_ff

Оние кои се фокусираат на небото оваа недела ќе видат вистинска сензација на него. Имено, Марс, Венера и Јупитер ја формираат „парадата на планетите“. Според експертите, најдобро време за гледање на овој спектакл на небото е помеѓу 5 и 6 часот наутро, т.е. во време кога планетите се издигнуваат директно над хоризонтот и непосредно пред изгрејсонцето.

Џејк Фостер, од Royal Museums, за Дејли Меил истакнува дека ваква спојка се случува на неколку години. Последната беше 2020 година, а Фостер истакнува:

– За да го видите овој настан, се што ви треба е чист источен хоризонт. Не е потребна посебна опрема за гледање.

За да може да се види овој настан, потребно е условите да бидат речиси идеални. Чист воздух без смог, потоа ниска влажност и секако што помалку светлина, па може да се заклучи дека жителите на градовите најверојатно ќе бидат лишени од оваа глетка.

– Овие типови на порамнувања на нашето небо, понекогаш познати како „паради на планетите“, се појавуваат само од наша перспектива овде на Земјата. Самите планети не се физички подредени во вселената за време на овие настани, што значи дека вооченото усогласување е единствено од нашата перспектива како набљудувач на Земјата, додава тој.

– Оваа година имаме особено среќа бидејќи на 24 април ќе бидеме сведоци на порамнување на пет планети видливи со голо око.

<p>Astrolozi savetuju da prisustvujete "paradi planeta" koja će doneti mnogo sreće u vaš život ako uradite ovo. </p>

Од Кралското астрономско друштво, д-р Роберт Меси истакнува дека овој настан најдобро се гледа во зори.

– Ова е прекрасна спојка, бидејќи најсветлите планети се видливи со голо око заедно во линија, со Јупитер, Венера, Марс и Сатурн од исток кон запад – заклучува тој.

Овој настан е особено важен за астролозите кои веруваат дека секој треба да ја гледа „парадата на планетите“ бидејќи тоа е идеален период кога можат да замислат желби кои ќе ја променат нивната иднина. Односно, фокусирајте се на деловните желби и потпишување нови договори кои засекогаш ќе ја подобрат вашата финансиска состојба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma