ВИЛИЈАМ ИЗМИНАТИТЕ ДЕНОВИ НЕ СЕ ОДВОЈУВАШЕ ОД СПОМЕНИ СТАРИ 25 ГОДИНИ: Го носи во важни моменти, а причината е многу тажна
Принцот Вилијам на сите важни настани носи еден аксесоар, а од него не се раздели ниту во периодот на жалост за смртта на кралицата Елизабета Втора и бројните јавни ангажмани во тоа име. Имено, се работи за часовник Омега стар околу 25 години, кој е трогателен потсетник за неговата покојна мајка.
Принцезата Дијана му го подарила кога имал само 15 години додека одел на колеџот Итон. Цената на часовникот не е толку висока, како што можеби мислевте, вреди околу 3.000 фунти, но емоциите што ги носи со себе се дефинитивно бесценети.
Станува збор за кварцен часовник со средна големина од нерѓосувачки челик, чиј бројчаник е украсен со редок вид сафир. Се вика Seamaster Professional, а овој модел го носеше и Пирс Броснан, кога го толкуваше ликот на Џејмс Бонд во хит филмот.
Принцот од Велс речиси и да не се разделува со овој предмет во сите важни прилики за него, а очигледно е колку е приврзан за подарокот на мајка си. Тоа го поткрепува и тоа што го носеше и на свадбата со Кејт Мидлтон во 2011 година.