
Модната дизајнерка деновиве е во Париз, а се погрижила нејзините комбинации на облека да бидат целосно во склад со парискиот дух.
Таа денеска прошета по улиците на француската престолнина во стајлинг кој многумина остави без здив – одлично успеа да искомбинира четири сосема различни бои.
Овој пат таа се одлучи за карирана јакна со подолга големина, маслинесто-зелени кадифени панталони кои ги украси со ремен, како и виолетова кошула.
Виолетова и зелена се оние кои девојките често избегнуваат да ги носат заедно, но оваа позната дама покажа дека не мора секогаш да го правите тоа – поентата е да изберете трето парче облека што ќе ја „скрши“ целата комбинација на бои и нагласи една што е доминантна.
На крајот како моден додаток донесе и бордо чанта, а чевлите и беа целосно покриени со кадифени панталони.
Дали ви се допаѓа ова издание на Викторија Бекам?


