ВИ ПРЕТЕЧЕ МЛЕКОТО? Нема потреба да се нервирате, пробајте ги овие трикови!

popara25 јуни, 20221min00
Screenshot_1

Сигурно ви се случило некогаш млекото да ви претече за време на готвењето. Оваа ситуација може да биде негативна за вашиот шпорет, но за среќа, постојат трикови како лесно да ги отстраните дамките од изгореното млеко.

 

Мирисот на изгорено млеко на шпоретот брзо се шири низ куќата и е прилично непријатен. За да го избегнете ова, веднаш покријте го млекото со влажен весник, а одозгора посипете оцет. Киселата конзистентност има својство да апсорбира непријатни мириси.

 

Најлесен начин да ги измиете садовите во кои ви загорело млекото е прво да ги оставите да киснат во вода и да просеете пепел од дрво во нив.

 

Друг детергент за миење садови со изгорено млеко, особено стакло и керамика, е водата во која сте зготвиле неизлупени компири. Дното на изгорените тенџериња, тави и сл. може да се исчисти така што ќе посипете дебел слој сол за готвење и ќе го оставите да отстои околу 3-4 часа. После тоа, изгорениот слој лесно се отстранува без прекумерно стружење и мака.